Мојата кујна

Сочен колач од члоколадо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 јајца

* 70 г шеќер

* 120 г брашно

* 1/2 кесичка прашок за печиво

* 1 лажица какао во прав (или рогач)

* 200 мл млеко

* 70 мл масло за готвење

* 3 лажици мармалад или џем (ние користевме џем од боровинки)

 ПРЕЛИВ

100 г шеќер

100 г путер (маргарин)

50 мл вода

100 г ореви (мелени)

2 лажици чоколаден крем (еурокрем)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги белките заедно со шеќерот, па постепено, додајте ги жолчките.

Во смесата додадете го млекото, маслото за готвење, неколку лажици мармалад и добро измешајте.

Брашното измешајте го заедно со прашокот за пециво и какаото во прав. Додадете го во смесата и повторно добро измешајте.

Садот за печење (20 x 20 см) обложете го со хартија за печење и внатре истурете ја смесата.

Печете во загреана рерна, на 200 степени, околу 25 минути.

Во меѓувреме, подгответе го преливот. Во сад, на оган, водата, шеќерот и путерот растопете ги. Додадете го чоколадниот крем и оревите и се добро измешајте.

Топлиот и испечен колач, со виљушка, прободете го на повеќе места и веднаш попарете го со топлиот чоколаден прелив.

Колачот оставете го да се олади, а потоа ставете го во фрижидер уште неколку часа за убаво да се стврдне.

Исчете го колачот на коцки и сервирајте го веднаш. Добар апетит!

Write A Comment