Сите ние во домот имаме сода бикарбона, но ретко кога ја користиме. Сепак, таа може да направи чуда со косата и кожата.
Покрај тоа што ги избелува забите, е ве за што се можете да ја користите.
Пилинг
Доколку измешате сода бикарбона со вода, ќе добиете смеса одлична за пилинг на лицето. Таа ќе ги отстрани сите мртви келии од лицето и кожата ќе изгледа прекрасно.
Ги омекнува заноктиците
Дали знаевте дека со сода бикарбона можете да ги омекнете заноктиците? Измешајте ја со вода и нанесете на кожата од ноктите со четка од лак за нокти. Нежно тријте и ќе го решите проблемот со заноктиците.
Нега на стапалата
Врела вода и сода бикарбона ќе направат чуда со вашите уморни стапала.
Несакани брадавици
Експертите тврдат дека сода бикарбона измешана со сок од лимон ги отстранува несаканите брадавици. Измешајте ги овие две состојки и ненесете на брадавицата која сакате да ја отстраните. Оставете да се исуши па исплакнете со вода.
