Разгледајте ја виртуелно оваа преубава куќа која се наоѓа во Коста Брава. Ќе ве импресионира нејзината софистицираност, едноставност и елеганција.
Архитектите го дефинирале просторот во овој дом како комбинација на модерниот и традиционалниот стил. Она што ја прави оваа куќа посебна е местоположбата далеку од градот и големата слободна површина што ја гледате наоколу.
При уредувањето не се користени никакви спектакуларни украси, оставено е сé на едноставноста, а сепак крајниот резултат е воодушевувачки.



















