Испробајте го овој вкусен пијалок кој се бори со масните наслаги. Без шеќер, здрав и диетален.
Состојки:
* 7 чаши вода
* 1 чаша сок од брусница
* сок од 3 портокали
* сок од два лимони
* ½ лажиче цимет
* ¼ лажиче ѓумбир
* ¼ лажиче мускантно оревче
Начин на подготовка:
Водата ставете ја во сад и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и додадете ја брусницата и зачините. Оставете да се вари 20 минути и оставете да се излади. Додадете го исцедениот сок од лимон и портокал и измешајте.