Веројатно како мали постојано ви зборувале да јадете моркови за подобро да гледате и погодете што – биле во право.
Сокот од моркови е еден од најполуларните нискокалорични сокови. Богат е со витамини и минерали, вкусот е пријатен и лесно се подготвува, а има бројни здравствени придобивки.
Го подобрува видот
Морковот содржи бета-каротин и лутеин, состојки кои се наоѓаат во ретината ( мрежницата ). Познато е дека овие две состојки влијаат за подобар вид, но и штитат од очни проблеми како што се глауком. Исто така, помагаат кај т.н. ноќно слепило.

Го зајакнува имунолошкиот систем
Сокот од морков е богат со различни хранливи состојки и антиоксиданси кои го зајакнуваат имунолошкиот состем.
Го регулира нивото на шеќер во крвта
Сокот од морков содржи голем процент на каротеноиди, соединенија кои се верува дека дејствуваат во балансирање на шеќерот во крвта.

Корисен за кожата
Морковот е богат со витамини А и Ц кои помагаат во негување на кожата, спречуваат сувост и благотворно делуваат во случаите на псоријаза и флеки на кожата. Покрај тоа, антиоксидансите од морковот го успоруваат процесот на стареење и помагаат во производство на колаген, кој е одговорен за елсатичност на кожата.

Го подобрува варењето на храната
Ако се напиете сок од морков 20 минути пред јадење, ќе го стимулирате производството на дигестивните сокови, што го олеснува варењето. Исто така, сокот од морков содржи растворливи влакна кои го подобруваат варењето.
