Многу жени, а и понекои мажи, мака мачат со темните и потечени кругови под очите, кои понекогаш не можат да се скријат ни со помош на сите богатства на козметичката индустрија. Сепак, постојат неколку трикови за да се ослободите од нив, на брз и делотворен начин.
Пијте барем два литра вода дневно
Долг и мирен сон, здрава и редовна исхрана, што помалку алкохол и тутун, а престој на свеж воздух, секогаш се добедојдени за свеж изглед на лицето и помалку подочници. Освен тоа, многу е важно да пиете барем два литра вода дневно, бидејќи водата го чисти организмот од штетни состојки. Обрнете внимание навечер да не јадете силна храна.
Спијте на перница
Темни подочници и отечени капаци често имаат луѓето кои спијат на стомак. Во ткивата на капаците на тој начин се собира крв, и се создава “отеченост”. Поради оваа причина, спијте на грб, и ако е можно, секогаш на перница.
Ладете го местото околу очите
Во поголемиот дел од случаите, ладните облоги може да помогнат, бидејќи го убрзуваат протокот на крвта и ја смалуваат отеченоста. Ставете лажичка во замрзнувач на пет минути и потоа ставете ја на областа околу очите, или доколку претпочитате, набавете маска со ист ефект.
СОС препарати
Ако сте од оние кои имаат изразени подочници, користете креми богати со витамин Ц и К.