ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 4 јајца
* 1 шолја јогурт (250 мл)
* 1 шолја масло (200 мл)
* 2,5 филџани брашно
* 1,5 филџан пченкарно брашно
* 1 прашок за пециво
* по желба сирење или урда, салама, сусам
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Во подлабок сад, јајцата се матат и се додаваат јогуртот и маслото.
2.Во друг длабок сад се мешаат брашното со пченкарното и со пецивото, па се додава смесата од јајцата.
3.Откако добро ќе се избие и се добие убава хомогена смеса во неа се додаваат сирењето или урдата и саламата.
4.Смесата се става во тавче намачкано со малку масло и се попрскува со сусам.
5.Се пече на 200 степени околу 30 минути.
