Ова е еден практичен совет кој навистина ќе ви користи. Особено на оние девојки кои имаат природно виткана коса.
За полесно да се оформат локните и да останат во таа положба потребно е да ја попрскате косата со солена вода.
Во едно шише со распрскувач растворете две лажички сол и топла вода. Попрскајте ја косата. Таа самата ќе си се оформи.
Внимавајте само да не претерате со количината на сол. Тоа би ја направило вашата коса премногу крута. А, освен тоа можно е и да сотави бели траги на косата кога ќе се исуши па да делува многу нечисто.
