Мојата кујна

Солени бисквити со кашакавал

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 400 г брашно

* ½ лажички прашок за пециво

* 1 лажичка сол и шеќер

* ½ лажичка сода бикарбона

* 110 г путер (замрзнат)

* 360 мл јогурт

* 250 г кашкавал (рендан)

* 2 лажици магдонос, босилок, мајчина душица, жалфија (сечкани)

* малку сол, црн пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во подлабок сад измешајте го ренданиот кашкавал со ситно исечканиот магдонос, босилок, мајчина душица и жалфија. Малку посолете и запиперете.

Во друг сад, изрендајте го замрзнатиот путер и измешајте го со брашното, прашокот за пециво, содата како и шеќерот и солта. Додадете го и јогуртот и измешајте само колку да се соединат состојките.

На набрашнета површина, тестото расукајте го со дебелина од околу 20 сантиметри. На 2/3 од тестото ставете од кашкавалот со зачини.

Тестото превиткајте го од двете страни, ротирајте го за 90 степени, расукајте го и повторно на 2/3 од тестото ставете кашкавал. Постапката повторете ја уште два до три пати.

Вака подготвено тесто, расукајте го, исечкајте го на коцки и ставете ги во замастена тава.

Бисквитите печете ги на висока температура, на 250 или 260 степени околу 10 минути. Оставете ги неколку минути да се оладат и сервирајте ги во придружба со пиво.

Write A Comment