man fashion

Солени крофнички со сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 5 дл. млеко

* 120 гр. путер

* 250 гр. брашно

* 8 јајца

* 125 гр. сирење

* Малку сол

* 2 лажици павлака

* 1 жолчка

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете го млекото со путерот и солта и оставете да зовире, па тргнете го од оган и додадете го брашното со постојано мешање. Гответе се додека тестото не почне да се одвојува од маталката.

Тргнете го тенџерето од оган  и оставете да се излади. Потоа додајте 8 јајца и постојано матете. Додадете го изгмеченото сирење и павлаката и промешајте за смесата да се соедини.

Намсрете ја тавата за печење со путер и ставајте куглички од тестото, па премачкајте ги со жолчка. Печете на температура од 200 степени 30тина минути, односно се додека крофните не добијат златна боја. Добар апетит!

Напиши коментар