Мојата кујна

Солени мексикански палачинки

Овој рецепт е одлична комбинација од домашна и странска кујна. Се подготвува за околу 2 часа и е навистина вкусно. Пред да го сервирате, послужете по една текила, за да биде комплетно мексиканското чувство.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500 гр мелено месо

* 1 лименка црвен грав

* 1 лименка пченка

* 1 кромид

* 1 црвена пиперка

* 1 зелена пиперка

*  400 гр гауда

*  20 гр слатка павлака за готвење

* сок или пире од домати

*  палачинки

*  пармезан

*  зачин за скара (опционално)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За оваа количина на смеса се потребни 12 палачинки. Доколку немате време да ги подготвите, можете да ги купите и готови.

Во длабока тава (по можност вок тава) динстајте ги кромидот и месото. Потоа, посолете и оставете водата да испари. Додадете ги црвената и зелената пиперка, исечкани на коцки. Во смесата додадете и зачин за скара или само бибер. Дополнете со пире или сок од домати.

Смесата пржете ја сè додека не омекнат пиперките и додека не испари водата. Потоа, додадете ги лименките црвен грав и пченка.

Со оваа смеса полнети ги палачинките, посипајте ги со пармезан и намотајте ги како што тоа вообичаено се прави. Потоа, наредете ги во тава една до друга.

Павлаката за готвење измешајте ја со сок од домати, малку посолете и налејте врз палачинките. Попрскајте со пармезан и печете на температура од 200°С, сè додека пармезанот не добие златна боја.

 Уживајте…

 

Напиши коментар