ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г Доматно пире
1/4 кафена лажичка оригано
1/2 кафена лажичка босилек
1/2 кафена лажичка магдонос
2 чешниња лук
малку сол
малку црн пипер
малку вода (по желба)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ситно исечканите зачини и лукче ставете ги во подлабок сад, додадете го доматното пире и добро измешајте. Ако сакате сосот да ви биде поредок, разблажете го со малку вода.
Забелешка: премногу сос може да го разлигави тестото. Еден од начините како да го избегнете ова е прво малку да го запечете само тестото, а потоа врз него да го ставите сосот и останатите состојки.
