Motherhood

Сосема неочекувано: Ниедна жена до сега не и се одмаздила на свекрвата на овој начин!

Брачен пар доживеал тешка сообраќајна несреќа во која лицето на мажот било унаказено. Докторот му рекол дека за пластична операција не можат да ја искористат кожата од остатокот од неговото тело, бидејќи бил премногу слаб. Тогаш жената се понудила да донира дел од својата кожа.

Меѓутоа, во болницата утврдиле дека единствениот дел од кожата кој одговара се наоѓа на задникот на жената. Мажот и жената се договориле дека нема никому да кажат од каде е земен “материјалот” за операција, а ги замолиле и медицинските лица да ја чуваат нивната тајна. Сепак се расботи за чувствително прашање.

По излегувањето од болница, луѓето не можеле да се изначудат на неговото ново лице. Изгледало поубаво од било кога. Сите пријатели и роднини ја фалеле неговата младешка убавина…

Еден ден кога мажот останал на само со својата жена, и кога ко преплавиле емоции заради нејзината жртва, и рекол: “Мила моја, сакам само да ти се заблагодарам за се што напарави за мене. Како можам да ти се оддолжам”?

“Мил мој”, одговорила жената, “Доволно ми е тоа што секој пат ја гледам твојата мајка како те бакнува во образ…”.

Write A Comment