Art & Crafts

Сосема посебно: Рецепт за домашен сапун со лимон!

Во рачно изработените сапуни нема алкохол, адитиви и конзерванси.

Во светот на козметиката, сапуните од полиците во продавниците ги избуткаа речиси сите купки и гелови за бањање. Сепак, квалитетот на домашните, рачно изработени сапуни, секогаш доаѓа до израз, бидејќи во нив нема алкохол, адитиви, конзерванси, па шансите да предизвикаат алергии или лупење на кожата се минимални…Покрај тоа, имаат “шарм”, мирисаат убаво и од нив се чувствувате добро.

Направете го својот сапун со лимон, а тоа воедно може да биде и одличен подарок за вашите пријатели.

Како база потребни ви се само сапун од козјо млеко, етерично масло од лимон, како и изрендана кора од четири лимони.

Исечете ги на коцки сапунот од козјо млеко, загрејте во микробранова на 30 секунди или во метален сад на шпорет, додека сапунот не се растопи, односно да премине во течна форма. Потоа, додадете етерично масло и кора од лимон и добро помешајте.

Смесата ставете ја во саканите калапи и оставете да се зацврсти (најмалку 60 минути).

Write A Comment