← НАЗАД НА БОЗА

Совети како да спакувате повеќе облека, во помал простор!

Совети како да спакувате повеќе облека, во помал простор!
3381 Читања

Следниве трикови сигурно ќе ви помогнат брзо и лесно да спакувате повеќе облека која ви е потребна за неколку дена патување!

Поголемата и подебела облека носете ја на себе

Најмногу место во куферот ќе ослободите ако, јакната, мантилот, и еден пар чевли или патики носите на себе. Ако ви е топло за јакна, а знаете дека може да ви затреба, држете ја во рака или само префрлете ја врз куферот.

Свиткајте ја облеката

Можеби ви делува нелогично, но преклопувањето на облеката на начин како што се витка, на пример, чергичката за јога, нема да ви ја стутка облеката и ќе ви остави повеќе простор во куферот. Овој метод ќе ви помогне да спакувате двојно повеќе парчиња облека. Замотајте ги така што малите парчиња облека ќе ги ставите во поголемите и ќе ги замотате заедно. Спакувајте повеќе тенки работи, за да имате повеќе избор и комбинации.

Носете еден пар фармерки

Љубителите на џинсот веројатно сметаат дека нема шанси да им бидат доволни само еден пар фармерки. Но, доволни се. Во комбинација со маичка ќе бидете подготвени за дневна прошетка, а во комбинација со свилена кошула за вечерно излегување.

spakuvajte-se-lesno-i-zaminete-nekade-na-vikend-2

Фенот не ви е потребен ако одите во хотел

Речиси во секој хотел има фен за сушење во бањата. Затоа, нема потреба да носите дополнителен кој само ќе ви зафаќа место.

Долната облека пакувајте ја во кесички, па во чевли

Каде и да најдете слободен мал простор во куферот, па дури и во внатрешноста на чевлите, искористете го за да ги сместите парчињата долната облека. Прво ставете ги во кесички со што ќе ги заштитите, па ставете ги во празнините.

Доволна ви е една вечерна чанта

Одите на викенд од два дена, а не цел месец. Колку и да не можете да одберете една омилена, сепак одберете универзална црна или сребрена која може да ви одговара на сè. Наполнете ја со долна облека за да го искористите просторот, а и за да не дозволите да се превитка и уништи.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk