Без разлика дали одите на излет или на десетдневно летување со своите деца, еве што треба да имате на ум:
Не тргнувајте без кофички и лопатки
Кофичка и лопатка се сосема доволни, но би било добро да понесете дополнителни играчки за детето. Кофичките се од голема важност не само за собирање на камчиња и школки, туку и за градење на песочен замок.
Лоцирајте го тоалетот и пред да ви затреба
Штом стигнете на плажа погледнете каде се наоѓа тоалетот, бидејќи кога на вашето дете ќе му се приоди во тоалет, ќе настане општа паника.
Земете резервна облека
Ова е особено важно ако децата се бањаат, односно потребна е сува облека. Не само што детето ќе се чувствува подобро во својата облека, туку и помалку ќе ризикувате да настине, а и вашиот автомобил нема да биде полн со песок.
Земете доволна количина на грицки и пијалок
Првенствено вода! Гледајте грицките да бидат здрави и земете доволно вода. Детскиот ден на плажа е сè само не досаден – од капење, до играње, од грицки никогаш не е доста.
Земете поголем пешкир
Што поголем пешкир, толку поголемо игралиште и комфор за вашето дете. Доколку користите лежалка, поголемите пешкири се пожелни бидејќи ја прекриваат целата површина на лежалката.
Не заборавајте крема за сончање
Внимавајте вашето дете да не поминува многу време на сонце за да не добие сончаница, и купете поголем заштитен фактор. Навистина не ви е потребно детето да добие главоболка и треска и да ги помине деновите во лежење.
