Motherhood

Совети за мажите: како да ги направите своите сопруги среќни

Совршен маж не постои, тоа веќе го знае секоја жена. Но, сепак вреди мажите да се потрудат да ги усреќат своите сопруги.

Не ги кажувајте овие два збора: никогаш и секогаш. Тие се прво технички неточни. А освен тоа, тие се зборови кои само можат да додадат масло на оганот. Наместо нив употребувајте ги понекогаш, чувствувам или сакам. Најдобрите мажи се чувствителни на жеснките чувства.

Кога ќе се вратите уморни дома, после напорниот ден поздравете ја со насмевка и бакнеж. Прашањата како беше денес денот или како помина на работа може многу да кажат за вас. Жената сака кога мажот покажува дека му е важно како е таа.

Не заборавајте ги шегите. Многу мажи во текот на бракот забораваат да се насмеат со својата сопруга. Обични празни разговори, разговори за сметките… а забавата ја нема.

Блискота е важна. На жените им треба да почувствуваат блискост за да посакаат секс, а на мажите им треба секс за да почувствуваат потреба од секс со сопругата. Не дозволувајте да ја изгубите блискоста.

Write A Comment