Затоплете го ручекот
Ако сте го подготвиле ручекот порано од планираното време за јадење, наједноставно можете да го згреете, а при тоа да не го исушите, ако го ставите да се стопли на тенџере со пареа.
Непечен колач
Ако сте го извадиле колачот од рерна, а тој не е допечен, тогаш лесно ќе го решите проблемот. Ставете го во ладно млеко и потоа повторно вратете го во рерна. Доколку сте заборавиле да ставите хартија за печење и колачот се залепил за тавата, тогаш врз колачот ставете мокра крпа, оставете ја да стои неколку минути и колачот сам ќе се одлепи од плехот.
Прибор кој свети
Водата во која се вареле компири е идеално место за чистење на приборот за јадење. Приборот треба во водата да врие околу десет минути, а потоа се плакне со ладна вода.
Исечете ја торта
Ако сакате тортата или колачот да ја исечете на еднакви парчиња, по секое сечење ножот ставајте го во ладна вода, а доколку сечете торта или колач кој има многу крем, тогаш ножот полејте го со млака вода.
Масло за јадење
Маслото за јадење кое еднаш сте го употребиле, по неколку часа ќе ја смени бојата. Ако сакате да ја задржите бојата, во маслото ставете лушпи од јајце, кои ќе ги менувате на неколку дена.
Премногу сол
И на најдобрите готвачи им се случува понекогаш да стават сол повеќе од тоа што е потребно. За да ја исправите грешката и да го добиете посакуваниот вкус, во јадењето ставете една лажица оцет и една лажица шеќер. Секако, можете да ставите и малку сода бикарбона. Ако сте ја пресолиле супата, тогаш за да го неутрализирате солениот вкус, додајте еден-два компири. Доколку сте го пресолиле месото, тогаш обвиткајте го во мокра крпа и оставете го да постои околу еден час.
Пржење компири
Помфритот ќе биде повкусен ако пред да го пржите, го ставите неколку минути да проврие во врела вода. Потоа се суши, па се пржи. На крај се посипува со малку брашно за да биде крцкав.
Кромид кој не ги дразни очите
Кромидот полесно ќе го излупите и нема да ги изиритирате очите ако прво го ставите неколку минути во вода, а потоа го сечкате.
Брашно
Ако немате многу големо искуство со месење, тогаш треба да знаете дека пред да почнете да месите, брашното треба да го сеете. Така брашното ќе биде полесно за месење.
Компир
Ако сакате компирите да останат цели додека ги варите, тогаш во водата задолжително ставете малку сол.