Здраво тело

Совети за проблеми со варење на храната во стомакот!

Во денешно време тројца од четворица луѓе патат од лоша столица, стомачни проблеми и најлошото од се е што тоа не го кажуваат ниту се консултираат со лекар. Органот кој се грижи за столицата во организмот е дебелото црево.
Се што желудникот и цревата нема да сварат, се што јетрата ќе исфрли, сите отпадоци и отрови кои се излачени од келиите на организмот доаѓаат и се таложат во дебелото црево.

Телото, откако се ќе пристигне до дебелото црево е спремно да се ослободи од остатоците и тоа представува нормален развој на работите во организмот доколку вишокот на време. Тоа се нарекува нормална столица. Но доколку тој цел процес не се одвива навремено, тогаш нешто не е во ред.
Наталожените отрови имаат време да пројдат преку ѕидовите на дебелото црево во крвотокот.
Тие ја трујат крвта и тоа онаа најчистата крв која е снабдена со корисните состојки на храната и која се спрема да тргне кон сите келии на организмот.

Лошиот тен на лицето, „тешкиот“ мирис на организмот, главоболката, лошото расположение, мозолките… тоа се симптоми кои веднаш се забележуваат. Сите „современи“ болести, па и оние најтешките имаат свое потекло од стомакот.
Но кои се причинителите на овие заболувања?

  • Типичен пример индустриски преработена храна е белиот леб. Тој содржи она што за човекот во денешно време е нај непотребно, чиста енергија и ништо повеќе. Оваа „пластична“ храна предолго се задржува во организмот, предизвикува долготрајно варење, се скиснува и лепи за ѕидовите на цревата. Тоа што е добро, а што го нема во белиот леб се триците (зрнцата) од житарките. Доколку барем малку се задржале во белиот леб, тој ќе бил полесен за варење и побрз за прочистување во организмот.
  • Доколку не ја проџвакуваме храната доволно долго и темелно се зголемува времето потребно за варење на истата во организмот. Затоа е од особена важност да се џвака храната што е можно подолго. Денешниот начин на живот предизвикува многу грчевити ситуации, и како и мускулите на коските на телото, така и во стомакот се случуваат грчеви иако понекогаш не ги осеќаме.
  • Седењето и нераздвиженоста најмногу се одразува на начинот на функционирање на стомакот.
  • Претераното конзумирање на овие три состојки прво се осеќа во стомакот, па потоа и на лицето.
  • Лековите кои се конзумираат кога немора да се конзумираат представуваат исто така голем проблем за дигестивниот систем. Мора да се тргне таа навика на пиење апчиња при било какви болки. Секогаш треба да се трудите да ги избегнувате доколку нема особена потреба од нив.

Современата медицина како да капитулирала пред проблемите со варењето на храната и лесното, уредно празнење на истите преку права столица. Сега медицината ни нуди јаки и вештачки лекови кои делуваат веднаш и енергично, стварајќи навики и зависност од истите, оштетувајќи ги слузокожите на органите за варење.

Напиши коментар