Сопствената венчавка, за секоја невеста мора да биде совршена. Поради тоа морате особена важност да придадете на вашиот стајлинг. Фризурата, мејкапот, долната облека, мораат да бидат топ. Иако за денот на венчавањето, времето секогаш изостанува, за одредени работи ќе морате да резервирате време.
Ви прикажуваме неколку совети како да бидете преубава младенка и како, овој ден, засекогаш, да ви остане во преубаво сеќавање.
1. Дискретен мејк – ап
Немојте на денот на вашата свадба, да го препаднете вашиот маж со шарена шминка. Мејкапот на младенката мора да биде во композиција со фризрата, лицето и тоалетата, и не смее да биде нападен и да одвлекува внимание од фустанот.
Значи: Не експериментирајте!!!Припремете водоотпорна маскара, за доколку падне по некоја солза…
2. Црвените усни се забранети.
Иако се вели дека црвените усни привлекуваат бакнежи, тоа не важи за на вашата венчавка. Одберете некоја природна нијанса, која одговара со вашиот бидермаер и со венчаницата. Доколку имате, на пример, виолетови рози, употребете пастелен виолетов руж. Природни се и розевата и светло портокаловата боја…
3. Цвет во косата.
Запаметете, цветот во косата изгледа свежо само наутро. Во текот на денот цветот не изгледа ни најмалку убаво. Единствената трајна варијанта е орхидејата.
4.Соодветна долна облека
Најдоброто, по венчавката, е кога конечно ќе можете да му покажете на вашиот сакан, што носите под фустанот…зарем не?
Но, истотака е важно долната облека да не ве стега и да не се оцртува под венчаницата. Задолжително пробајте ја во комбинација со венчаницата, за да ги проверите евентуалните нуспојави од ваков тип.
