Убавина

Совети за убавина кои ќе ви ја зголемат самодовербата

Доколку не сакате големи собири или било какви важни настани, бидејќи се плашите од коментари од околината, еве неколку совети кои ќе ве направат заносни и самоуверени.

1. Масирајте ја кожата во пределот на градниот кош

Додека се туширате, користете ракавици и со кружни движења масирајте ја кожата околу градите. Тоа ја стимулира микроциркулацијата директно под кожата, давајќи и сјај, а воедно ги отстранува мртвите клетки.

2. Измијте ја косата еден ден пред настанот

Косата многу полесно се стилизира ако ја измиете ден пред важниот настан, бидејќи до тогаш ќе се намали наелектризираноста.

3. Ставете ладна краставичка под очите

Дури и ако не сте уморни, ставање на краставичка под очите има свои предности. Течноста која можеби се насобрала под вашите очи ќе исчезне, бидејќи ладното предизвикува собирање на крвните садови. Доколку немате краставичка при рака, бидете инвентивни. Може да искористите и ладна лажичка.

4. Намалете ја подуеноста

Два дена пред важниот настан можете да се обидете со неколку работи за да ја регулирате надуеноста. Прво, намалете го внесот на натриум, и второ, пијте многу вода.

5. Изберете помеѓу очите и усните

Кога одите на важен настан, одлучете што сакате да нагласите. Очите или устата. Тоа не значи да се откажете од едното во замена за другото, туку дека на пример, ќе ги нагласите очите, а усните ќе ви бидат посупилно нашминкани.

6. Сјајна коса

Кога ја миете косата, користете ладна вода за измивање, за да се задржи природниот сјај на косата. Доколку мора да користите преса за коса, користете ја онаа со силиконски слој.

7. Користете подлога за шминка

Многу е важно под шминката да имате соодветна подлога, особено доколку имате масна кожа.

Write A Comment