Здраво тело

Совети за витко тело

Сведоци сме на правилата, дека за да останеме слаби и витки, не смееме да вечераме!  Напротив, треба да внесуваме храна на секои 3 саати, само така нашиот метаболизам ќе се одржи во континуирана работа.

Дури и кога спиеме тој треба да работи, едноставно не смеете да дозволите да ви се појави болка во стомакот во вид на грчеви.

Тоа не е начинот на кој ќе ослабнете. Секогаш денот почнувајте го со свежо овошје или со свежо исцедено овошје во комбинација со многу вода  (1.5 – 2.5 литри дневно).

Морате да додадете уште една навика во вашиот живот, а тоа е: секогаш по станувањето наутро да пиете вода, колку што можете повеќе.

На почетокот ќе ви биде тешко но со текот на времето ќе се навикнете (водата ја пиете веднаш, пред да се измиете).
Со пиењето вода по станувањето му овозможувате на вашето тело да ги исфрли сите непотребни токсини.

По 3 часа од овој “ритуал”, земете некое овошје (но потрудете се овошјето што ќе го јадете да биде едноврсно).

За ручек земете здраво приготвена храна (варена или печена).
Никогаш не се прејадувајте!
Ручекот секогаш комбинирајте го со салата (разноврсна). За вечера изедете половина од оброкот што сте го изеле на ручек или јадете само салата.

Write A Comment