Архитектонско студио од Њујорк комплетно го редизајнираше и реновираше овој дуплекс од 230м лоциран во познатата населба West Village.
Овој стан освојува со својата едноставност и удобност и претставува одличен пример за последните трендови во внатрешната архитектура денес.
Користени се неутрални и светли тонови како и природни материјали со што се добива пријатен и светол простор, но за сликата да биде комплетна инкорпорирани се потемни детали низ целиот ентериер.







