Sweet Home

Современа кујна со минималистички изглед

Дали сте во потрага по кујна која има модерен изглед? Ви го претставуваме модерниот дизајн на кујни LEICHT!

Компанијата со седиште во Германија е специјализирана во проектирање на кујни на начин кој поставува моќни стандарди за идните трендови на кујни. Компанијата LEICHT ги претстави своите беспрекорни современи кујни на саемот Eurocucina во Милано оваа година.

Денес ви претставуваме современа кујна, која е изработена од дабово дрво, чија боја се вклопува со останатите елементи. Неутралната палета на бои е комбинирана со бронзени детали, ѕиден часовник и интересни садови.

Тајната остава е вградена во системот од елементи, за да се зголеми просторот и да се елиминира гужвата. За кујната, ова е една од најдобрите идеи за складирање кои досега сме ги виделе.

Островот е централна точка за оваа современа кујна која има јасно дизајниран простор со столици, давајќи ни навестување за тоа каков амбиент може да очекуваме во дневната соба.

SAVREMENA LEICHT KUHINJA

SAVREMENA LEICHT KUHINJA

SAVREMENA LEICHT KUHINJA

SAVREMENA LEICHT KUHINJA

SAVREMENA LEICHT KUHINJA

Write A Comment