Sweet Home

Современи кујни: Отворен простор

Веќе подолго време кујните не служат само за готвење, туку во нив се поминува поголем дел од денот, па оттука и потребата кујната да се вклучи во дневната соба и трпезаријата.

По вкус

Мебелот од природни нијанси и робустен изглед на кујната ѝ дава личен допир. Благодарение на променливиот модул, нема рамни вградени површини, но сепак има доста простор за чување на потребните работи и за готвење.Во случај на преселба или големи подготовки, брзо ќе најдете простор.

kuhinja-1395440016-30724

 

Блиску до небото

Директно под покривот, со пространа предна површина и светло сини кујнски елементи – готвењето е вистинско уживање. Шкафовите се совршено вградени под наклонот на покривот, а над мијалникот и работната површина има доволно простор за работа. Аголната кујна заштедува на простор.

kuhinja-1395440263-30726

Природно и убаво

Модерниот дизајн и топлите материјали се вклопуваат многу хармонично. Белите работни површини се изработени од даб. Комбинацијата на отворен и затворен простор за неопходните работи внесува ред во овој живописен простор.

Напиши коментар