Оваа куќа на плажа, наречена “Рајско скривалиште”, е една од најпопуларните имоти во Малибу.
Овој имот со двојни огради и повеќе нивоа, четири спални соби и четири бањи, е дизајнирана од страна на Стивен Ерлих, а познатиот дизајнер на ентериери, Мајкл Ли е виновен за денешниот изглед. Главната спална соба има пространа тераса, бања во спа стил, два големи плакари, додека стаклените ѕидови пружаат совршен поглед на Тихиот Океан. Оваа вила, исто така има и гурманска кујна, пространа дневна соба и трпезарија, кои се отворени кон прекрасна тераса и имаат директен излез на плажата.
Покрај сето ова, тука се и три спални соби кои исто така имаат поглед на океанот,канцеларија со библиотека, винска соба со под од бамбус, како и гаража за два автомобили. Ова прекрасно ремек дело на архитектурата во моментов е на продажба, и тоа по цена од 27.5 милиони долари.















