Овој исклучително интересен хотел е во сопственост на Марина Шрајнер, која ги пречекува вљубените парови од сите краишта на светот да престојуваат во него, во текот на целата година. Според старата легенда која се раскажува од локалните жители, паровите кои ќе престојуваат во хотелот, ќе живеат среќно до крајот на животот и никогаш нема да се разведат. Моменталната цена за едно ноќевање за двајца со вклучен појадок, изнесува 240 евра.
Најмалиот хотел во светот е 2,5 км широк и зафаќа површина од околу 54 метри квадратни, но е опремен со најмодерен мебел, телевизори со тенки екрани, како и мини спа. Но, со својата една соба, само еден пар во моментот може да престојува во хотелот Eh’haeusl, во Амберг, Германија.

