Art & Crafts

Спас за веѓите кои се премногу искубани!

Малку се занесовте со пинцетата и сега наместо веѓи имате две линии на лицето? Не грижете се, “бјути” стручњаците и за тоа имаат решение!

За да ја спасите ситуацијата ќе ви биде потребно моливче за веѓи, чешле, сенка за веѓи и четка за чешлање.

  1. Со моливчето за веѓи (кое мора да биде за нијанса посветло од вашите веѓи), со меки јаки движења исцртајте црти на веѓите (како да имате влакненца) па така исполнете го саканиот облик на веѓите.
  2. Со сенка за веѓи (повторно во нијанса која е малку посветла од вашите веѓи) полека поминете преку веѓите, повторно пополнувајќи го саканиот облик.
  3. Со чешел за веѓи исчешлајте ги веѓите со цел да добијат природен изглед. Пред оваа постапка веѓите мора да бидат во потполност суви, без траги од вода, крема или пудра.

Напиши коментар