Prison brake

Спектакуларен водопад среде град: Ја оставил чешмата отворена и направил глечер на зградата

Спектакуларен замрзнат водопад се создал на една зграда во Кина, бидејќи сопственикот на станот ја оставил топлата вода од чешмата да тече во текот на целата зима.

Вен Хсу, сопствениок на стан на седмиот кат бил загрижен дека цевките во текот на зимата ќе се замрзнат, па дошол на идеја да ја остави чешмата од која течела топла вода отворена. Зградата требало да се руши за да се изгради шопинг центар, но Вен Хсу одбивал да го продаде својот стан.

vodopad-zgrada-3

Бидејќи сите други станови, освен неговиот, биле продадени, тој бил загрижен дека поради ниските температури во текот на зимата, цевките ќе замрзнат, што за него ќе значи дека ќе мора да бара нов стан.

–          Доколку цевките се заледеа, ќе морав да се селам. Цената која ми ја нудат за мојот стан е навистина мала и не е доволна за да можам да најдам друго место за живеење. Одбивам да си одам, бидејќи немам каде – изјавил Хсу.

Со создавањето на замрзнатиот водопад на зградата, неговиот случај им привлекол внимание на медиумите и во моментов се работи на решавање на овој проблем.

vodopad-zgrada-2

Write A Comment