Дуото од Франција ни претставува фантастичен перформанс кој ја воодушеви публиката ширум светот
“Les Beaux Freres” е фантастично дуо на комичари и акробати од Франција.
Нивната харизма и талент се веќе добро прифатени во Северна Америка, Европа, Азија и Латинска Америка. Тие своите вештини ги стекнале со вежбање во Националното циркуско школо во Монтреал (National Cirus School of Montreal) и нивото на својата професионалност го довеле до интернационална техничка вештина, како и разновидност, кога станува збор за циркуската уметност.
Со неверојатен стил и енергија, тие секој пат ја воодушевуваат публиката во целиот свет.
Нивната точка со крпи стана многу популарна. Имено, двајца од нив излегуваат на сцената покриени само со пешкири. Тие на себе немаат ништо друго освен тоа платно, кое постојано го вртат и си играат со него.
Очекувањето на публиката, но и на учесниците дали крпата ќе падне и ќе го посрамоти оној кој ќе остане гол, ја прави оваа точка многу интересна и смешна.
Уверете се и сами:
http://www.youtube.com/watch?v=bQXt0jg_HGI
