Motherhood

Спречете го неверството со колегите!

Работното место покрај тоа што носи пари и успех, носи и проблеми на полето на бракот и врската. Затоа потребно е постојано да сме внимателни и претпазливи.

За да го избегнете тој непријатен проблем и да го одржувате бракот здрав и стабилен, потпрете се на старата добра поука „подобро е да се спречи, отколку да се лечи“ со помош на следните совети.

Бидете во тек со настаните. Навистина тој може да ви стане досаден ако постојано зборува колку е напорен неговиот шеф или колку се неспособни колегите, но ако не може вас да ви ги каже неговите убави и лоши случувања на работа, тој може да најде некоја личност која со радост би го слушала. Колку повеќе споделува со вас, толку подобро. Така вие подобро ќе можете да оцените дали останувањето до касно на работа е оправдано или не, а него потешко ќе му биде да ве лаже.

Разберете која е вашата закана. Иако повеќето жени веруваат дека нивните мажи изневеруваат со поубава жена, тоа најчесто не е така. Затоа веднаш не избрзувајте со заклучоци ако видите плава колешка со две откопчани петлици на кошулата. Вашата закана може да е од сосема друг тип. Најчесто тоа е колешка со која вашиот сопруг работи на ист проект или која може да му ѕвони на мобилен по завршувањето на работното време. Сепак, не треба да бидете параноични и да гледате на секоја жена како на закана. Потребно е само да ги држите очите отворени.

Направете да мисли постојано на вас. Ако патува често, последната ваша ноќ пред да замине приредете му незаборавна вечер, која ќе остане во неговите мисли додека да се врати. Доколку се разделите со кавга, тој ќе биде посклон кон афера. Не го испраќајте на работа со намуртено лице и без бакнеж. Во неговите мисли, последната слика од вас, треба да му буди потреба побрзо да се врати дома.

Write A Comment