Работникот во золошката градина во Холандија, Марио (54) е тешко болен од рак, па одлучил за последен пат да дојде на своето работно место и да се збогува со животните.
Имено, Марио дошол во неговиот болнички кревет со цел да и каже збогум на својата пријателка жирафа, а во тој потфат му помогнале луѓето од добротворната организација “Желба”.
Жирафата како да почувствувала што се случува, се доближила до оградата каде што лежел Марио и “го бакнала”.
“Животните го препознаваат и чувствуваат дека е болен и тоа е сосем посебна ситуација – изјавил Кис Велдобоер кој работи во добротворната организација која се занимава со исполнување на последните желби на тешко болните луѓе.
