На 32-тиот роденден на Кејт билансот за изминатата година е повеќе од успешен. Нај запазениот момент од годината за кралското семејство е раѓањето на нивниот син, принцот Џорџ наа 22 јули.
Овој период, минатата година Војвотката од Кембриџ беше бремена со малиот престолонаследник и пред очите на целиот свет се подготвуваше да стане мајка. На 23 октомври се одржа крштевката на малиот принц со цела армија од кумови, кои ќе го заштитат за време на неговиот животен пат. На настанот Кејт повторно изгледаше неверојатно, модерно облечена, просто блескава.
За жал оваа година Вилијам не присуствуваше на прославата на неговата сопруга. Принцот се наоѓа надвор од Лондон, бидејќи во моментов посетува курс по економско управување на Универзитетот во Кембриџ. Кејт ќе го помине денот со нејзината мајка Керол Мидлтон, која пристигна во Лондон посебно поради нејзината ќерка и нејзината сестра Пипа.