Спорт

Стадион на смртта: Овде ќе се играат натпревари на Светското Првенство

Бразилскиот работник Фабио Хамилтон погинал откако паднал од 8 метри висина при изведување градежни работи на стадионот Арена Коринтијанс во Сао Паоло, на кои ќе се играат натпревари на светското првенство.

Ова е осми несреќен случај, а трет на овој стадион, во кој се слуќил додека се градел стадионот за потребите на Мундијалот.

Други двајца работници во ноември минатата година го изгубиле животот откако0 паднале од скеле на овој стадион.

Генералниот секретар на Меѓународната фудбалска федерација FIFA Жерон Валке изразил на Твитер длабоко жалње поради смртта на работникот.

Светското првенство ќе се одржува од 12 јуни до 13 јули.

Напиши коментар