Овој убав и добро инспириран шведски стан Alvhem многу ни се допадна, па решивме да ви ги претставиме сите негови инспиративни детали.
Дизајнерските решенија за 56 квадрати се генијални, а ја комбинираат функцијата со стилот на типичен шведски начин. Штом влезете во станот ќе забележите бел ходник со храстов паркет. Од ходникот се влегува во кујната и дневната соба. Заради високите тавани дизајнерите направиле простор за уште еден кревет до кој се доаѓа со помош на скали, а овој кревет е совршен за гости. Каков е вашиот впечаток?








