Prison brake

Станал од мртвите: Рибиното масло му го спасило животот

Пред две години Грант го удрил автомобил и се здобил со тешки повреди на главата. Докторите рекле дека нема да преживее, и тогаш ја започнал терапијата со рибино масло.

Одиме дома. Ве сакам, биле првите зборови кои Грант Виргин (16) ги кажал откако се разбудил од кома. Родителите здивнале. Експерименталната терапија деллувала.

Драмата за семејството од Калифорнија започнала во 2012. година, тогаш 15-годишното момче го удрил автомобил. Добил тешки повреди на главата и паднал во кома. Докторите рекле дека нема да го дочека утрото. Преживеал, но мозокот му бил премногу оштетен. Со тек на времето се разбудил од кома, но не можел да зборува.

–          Докторите ни рекоа дека никогаш нема да може да не познае, дека нема да биде во можност ниту да го насочи погледот во една точка – објаснила неговата мајка.

Родителите се молеле за уште едно чудо. Еден пријател им предложил терапија со рибино масло. Грант почнал да доаѓа на себе и да се потсетува на минатото, но напредокот и понатму бил болно бавен. Ја зголемиле дозата на рибино масло, а потоа почнало да се случува чудо. Веќе после два дена интензивна терапија мајката среде ноќ ја разбудил повик.

–          Тоа беше тој. Разговараше со мене сосема нормално. Потоа едвај заспав, и се прашував зошто ми се јави. Дали навистина ми се јави или само сонував.

По два месеци, докторите го пуштиле Грант од болница. Во моментот полека се враќа во нормален живот. Докторите имаат објаснување.

–          Ако во ѕидот од цигли се направат дупки, логично е дека ќе ги пополните со други цигли. Исто е и со мозокот. Дајте му омега-3 киселини кои имаат клучна улога во развојот на мозокот. Тие му овозможија на мозокот на Грант да се опорави на ваков неверојатен начин – објасниле докторите.

 

 

Напиши коментар