Тоа што навистина ги спречува болестите е миењето на рацете, додека ставање хартиена заштита на даската на шољата во тоалетот носи само удобност.
Многумина на вц школките, особено во јавните тоалети, ставаат хартиена заштита. Го прават тоа како би спечиле зараза од болести кои можеби други ги оставиле на даската. Меѓутоа, се чини дека хартиените влошки се тука за да пружат удобност и сигурност на корисникот, но не и да спречат болести. Ова тврдење е на инфектологот Вилијам Шафнер.
Тоа е затоа што вц- даските не се средстава за пренос на инфективни агенси, нема да “закачите“ ништо, вели тој. Некогаш се мислело дека преку вц- школката се пренесеуваат болести, полово преносни инфекции, меѓутоа истражувањата го покажаа спротивното, пишува Хуфингтон Пост.
Значи, хартиената заштита постои поради- лепливост на вц школката.
Ова не значи дека на даската нема бактерии кои предизвикуваат болести како што е на пример Ешерихија Коли. Меѓутоа, според тврдењата на доктор Филип Тиерн кожата на нашиот задник служи како ефикасна, заштитна бариера.
Тоа што навистина спречува ширењето на болести е миењето на раце. Користење на стариот добар сапун и вода може да ги намалат смртните случаи поврзани со такви болести и за 50 проценти.