Астон Мартин својот роденден ќе го прослават со италијанската дизајнерска куќа и со каросериската работилница Загато, со кои делат богат историјат и наследство.
Се работи за моделите DBS Coupe Zagato Continental и DB9 Spyder Zagato Centennial, модели кои се замислени и изработени по нарачка, а кои испод Загатова кожа делат компоненти со стандардни Астонови модели.
Aston Martin DBS Zagato Centennial е купе со типичен double-bubble покрив кој со текот на времето стана заштитен знак, односно потпис на Загатовиот дизајн на автомобили. Внатрешноста е пренесена од моделот DBS чие производство престана во 2011, а се очекува и од техничка страна овој модел да биде идентичен на донаторот. Веројатно ќе има 6.0 литарски V12 со 515 коњски сили со погон на задните тркала.
BD9 Spyder Zagato Centennial е open-top model со платнен покрив со сличен стајлинг како на опишаното купе. Ентериерот е пренесен од моделот DB9 Volante исто како и моторот, односно ист V12 со 515 коњски сили и со 6 степеничен менувач.
Колку да се знае, нема никакви планови за било какво сериско производство

