Motherhood

Стресот – една од основните причини за неплодност!

Брзото темпо на модерниот живот има големо негативно влијание на плодноста на мажите. Последиците може да бидат негативни по здравјето на човекот дури и кога е во утробата на мајката. Големите стресови и напорниот живот кој го имаат мајката и таткото може да предизвика стрес и на бебето. А уште поголема катастрофа е тоа што стресот влијае и на машката плодност, па во најлош случај тоа може да биде и причина за неплодност.

Била направена голема студија во која учество земале огромен број на мажи и жени. Научниците потврдиле дека луѓето кои живеат под стрес, имаат проблем со нормално функционирање на хормоните, а сето тоа води и до неплодност, па колку и да е голем трудот што партнерите го вложуваат постојано за да добијат бебе.

Жените пак кои се во текот на бременоста треба особено да обрнат внимание на сопственото психичко здравје. Нервозите и стресот се најмалку посакувани состојби. Тоа може да доведе до неправилен развој на фетусот, а доколку тоа продолжи во подолг рок и губење на плодот.

Затоа прво нешто што треба да го сторите ако се обидувате да забремените е да ги тргнете сите проблеми на страна, да се опуштите и да уживате во животот. Правете ги оние работи кои ве прават среќни. Биде позитивна, бидејќи само така привлекувате позитивни работи во својот живот.

Write A Comment