Последната студија посветена токму на оваа тема покажа дека децата на родители под стрес боледуваат многу почесто.
На сите нас ни е познат фактот дека стресот влијае на здравствената состојба и претставува опасен ризик фактор што има сила да предизвика појава на редица опасни и смртоносни болести. Сега се изјаснува и фактот дека психичкото здравје на родителите има неверојатно голем ефект врз психичото здравје на нивните деца.
Анализата покажала дека постои голема врска помеѓу континуираниот стрес кај родителите од една страна и честите настинки или грип кај децата, односно знак за намален имунитет. Научната екипа го измерила нивото на имунитет и откриле дека кај децата на стресирани родители се јавува повисока имуна активност – сигнал за борба со инфекциите.
Претходните студии на истава тема поажале дека стресот за време на бременост го зголемува ризиот од предвремено раѓање. Високото ниво на стрес хормони во утробата може да има долготраен ефект врз умствениот развој на детето, што во најдобриот случај покажува коефициент на интелигенција понизок од средниот. Децата на родители со честа депресија и стрес се хиперативни, имаат емоционални проблеми и исто така страдаат од стрес.
