Здраво тело

Стресот ни ја одзема убавината!

Според др. Бенсен од Хардварскиот Универзитет, стрес е чувство кое се јавува кога нашите способности, се недоволни за исполнување на одредени обврски и предизвици.

Една индивидуа може да живее нормално, ако е способна и научи да се адаптира на динамичните промени во животната околина. Ваквото адаптирање воопшто не е лесен процес, од самото раѓање, до крајот на животот, постојано сме изложени на стресни ситуации.

Во ситуации кога организмот е изложен подолго време на стрес, и стресните хормони продолжуваат да се лачат, организмот чувствува негативните последици. Стресот не е болест, но во одредени услови може да стимулира појава на различни заболувања. Организмот кој е изложен на постојан стрес, страда од негативни емоционални состојби – синдром на хроничен умор, немир, очај, безнадежност и различни стравови. Сето ова може да доведе до појава на срцеви заволувања, рак, проблеми со системот за варење и намалена концентрација и ослабен имунитет.

Write A Comment