Мојата кујна

Супер кекс

Ако често Ви се случува да останувате гладни, а грицкањето го чувствувате како обврска…на вистинското место сте…Ви предлагаме неодоливи кекси кои додека гледате филм, учите, муабетите со пријателите, ќе Ви приредат дополнително задоволство.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

8 супени лажици ладен путер

1 чаша интегрално брашно

1 чаша проино брашно

2 ¼ лажички прашок за пециво

¼  лажичка сода бикарбона

½  лажичка сол

¾  шолја млеко

1 ½  лажици сусам

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Шпоретот се загрева на температура од 250°C. На тепсијата се нанесува зејтин и малку зејтин. Се загреваат 2 лажици путер и се остава на страна. Другите 6 лажици се сечат на помали делови. Во средна чинија, се мешаат брашното од проја, интегралното брашно, содата и солта. Додадете го путерот и мешајте додека не добиете густа смеса. Додадете го и млекото и полека мешајте. Извадете го тестото на набрашнета површина и месете нежно неколку секунду. Развлечете го на дебелина од 2 цм и со чаша вадете ги округлите кекси. Потоа ставете ги на хартијата за печење, со четкичка намачкајте ги со путер и на секое кругче ставете сусам по желба. Печете од 12-15 минути додека не се постигне златно- кафеава боја.

Уживајте во нивниот вкус додека се топли!!!

Write A Comment