ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* ореви
* лук
* грав сварен
* неколку лути пиперки везени
* зејтин
* сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Неколку суви, везени, лути пиперки,најпрво се подваруваат, потоа се потпекуваат. Потребно е да имате сварен грав по Ваш вкус, но најдобро е да е сварен што поедноставно,за да доминираат вкусовите од овој рецепт. Гравот се меша со истолчени лук, сол и ореви и со тој фил се полнат пиперките. Можете да додадете и исечкан магданос во филот,а за уште поубав вкус, прелијте ги со врел зејтин пред да почнете да ги јадете…
Добар апетит!
