Bridal

Свадбени обичаи низ светот

Во времето во Англија при излегувањето од црквата сватовите фрлале по младоженците со чевли. Се сметало дека тоа носи среќа. Денес, за среќа, овој обичај веќе не се применува, но не значи дека на апсурдноста на традициите е ставен крај. Какви обичаи и верувања постоеле и постојат во светот и кај нас?

Превез – Невестинскиот превез ја штити невестата од зли духови и е симбол на мистерија. Во времето кога браковите биле предходно договорени, лицето на невестата требало да остане скриено, се додека младоженецот не се согласи за женење.

Подвезица – Стар англиски обичај е невестата на денот на свадбата да носи нешто старо, нешто позајмено и нешто сино. Најчесто сина е подвезицата на невестата. Таа боја ја симболизира верноста.

Чевли и пари – во Германија невестата сама си ги купува обувките за свадбата, со заштедените пари. Овој обичај ја симболизира економичноста на жената. Кај нас пак младоженецот става банкноти во чевлите на невестата се додека таа тврди дека обувката и е голема. Младоженецот престанува да става пари кога невестата ќе каже дека чевлите и се веќе по мерка.

Германско сиртаки – Во Германија од дамнешно време постои таа традиција – вечерта пред свадбата младенците да кршат порцелански садови. Се сметало дека со тоа се бркаат злите духови. Невестата и младоженецот треба на крај заедно да ги соберат парчињата.

Ориз – Во многу земји во светот на излегување од црквата гостите по невестата и младоженецот фрлаат со ориз. Ориз е симбол на плодност.

Нека биде гласно ! – Обичај е да се врзат лимени конзерви на автомобилот на младенците потекнува од дамнешните времиња во Англија. Се сметало дека ако младенците прават бучава, среќата се биде постојана во семејството. Овој обичај исто така се смета дека е поврзан и со прогонувањето на злите духови.
Невеста бегалка – Во Германија невестата често е “киднапирана“ од пријателите на младоженецот – најчесто во блиската крчма. Младоженецот треба да побрза, бидејќи за да ја ослободи невестата мора да ја плати сметката на “грабнувачите“.

Момче или девојче? – Во Бугарија невестата турка бардаче со вода, а во него обично има два каранфила, бел и црвен – белиот за момче а црвениот за девојче. Се верува дека која боја ќе излезе напред, такво ќе биде првото дете. Потоа свекрвата на младенците им дава мед со сол, бидејќи медот бил симбол на слаткиот живот, а солта за солените и горчливи моменти.
Борба за бидермаерот – Според обичајот при фрлањето на бидермаерот, зад невестата се сите немажени гостинки на свадбата. Која од нив ќе го фати букетот, ќе биде следната невеста. Овој обичај доаѓа од Америка, но во меѓувреме е прифатен во многу делови на светот.
Без бисери – Некои по суеверни жени се убедени дека невестата не смее да носи бисерен накит, бидејќи овие орнаменти биле симбол на солзите и носеле несреќа.
Полски страсти – Кај полјаците свадбата може да трае е до три дена. Последната ноќ е најважниот обичај – мајката на невестата го симнува нејзиниот превез, а некоја омажена жена ја става шапката на младоженецот. Тоа го симболизира преминот кон семејниот живот. Во Полска свадбената шапка секогаш се сметала за специјален додаток, се носела во црква и на празници, како и на погреб.

Романски песимизам – Според старата романска традиција во пресрет на свадбениот ден се изработува знаме и специјален свадбен венец. На денот на венчавката, додека невестата го облекува свадбениот фустан, нејзините пријателки пеат песни за крајот на безгрижниот и почетокот на тешкиот живот на мажената жена.

Ромски обичаи – и кај ромите свадбата трае три дена. На првиот ден младенците склучуваат општински брак, на вториот – одат во ресторан. На третиот ден роднините на младоженецот ја носат невестата во татковата куќа за да си ја измие косата. Младенците треба да живеат најмалку една година заедно со родителите на младоженецот за да може невестата да ги прифати навиките на новото семејство.

Суеверија – Според некои баби кога невестата е веќе облечена и треба да и се пришива нешто, тоа мора да стави во уста еден конец и да не зборува, за да не и се “зашие” среќата. Во многу земји во светот е прифатено дека ноќта пред свадбата младенците треба да спијат на различни места и да не се гледаат се до почетокот на церемонијата.

Write A Comment