Дали ќе ни поверувате доколку ви кажеме дека за само пет минути можете сами да направите свечена фризура идеална за празничен изглед? Погледнете го овој трик и уверете се дека не се шалиме…
За оваа фризура потребни ви се: ластиче за коса, неколку шноли и лак за коса.
Чекор по чекор:
1. Ако косата ви е свежо измиена испрскајте ја со лак за коса за да добие на тежина.
2. Со рацете подигнете ја косата во коњско репче и врзете ја со ластиче.
3. Фатете го репчето со раце и лесно повлечете го ластичето од главата за да добиете опуштено репче.
4. Во просторот помеѓу ластичето и главата разделете ја косата со прсти, но не до крај туку додека не добиете “џеб” во косата.
5. Коњското репче префрлете го преку ластичето и бутнете го во добиениот џеб се додека и последното влакно не биде скриено.
6. Добиената пунџа притиснете ја со дланката и прицврстете ги остатоците од непослушна коса со шноли.