Prison brake

Темната страна на Месечината е тиркизна

Темната страна на Месечината е некомплетно тиркизна се наведува во статијата објавена на страницата на електронската библиотека на Универзитетот Корнел, по две години мерења со телескопите од Хаваи.

Според оваа боја научниците може да ја сметаат за феноменот албедо, рефлексивна способно, на Земјата и неговите промени. Таа може да се менува и поради количеството облаци во атмосферата, којашто има значење во следењето на некои климатски модели. Споменатата статија треба да биде објавена во списанието Astronomy and Astrophysics.
Темната страна на Месечината е онаа којашто директно не ја осветлува Сонцето, туку светлината којашто се рефлектира од Земјата. Таа страна е многу побледа и најдобро може да се види за време на појавата на Младата месечина. Темната страна на Месечината не е и невидливата страна на овој природен сателит на Земјата.

Сончевите зраци коишто ќе ја погодат Земјата ја обојуваат планетата и потоа тие зраци се рефлектираат кон Месечината, ја погаѓаат и се враќаат назад кон Земјата, наведува раководителот на истражувањето Петер Тејл од данскиот метеоролошки институт во Копенхаген . Снимките на Земјата направени од Вселената јасно покажуваат дека планетата изгледа сино, но кога сината светлина ќе ја погоди Месечината кон Земјата назад се рефлектира како тиркизна боја.

„Астронаутите кои стоеле на Месечината и ја набљудуваа Земјата ја опишуваа како сина топка. Имајќи предвид дека не престојував во космосот, не знам што точно мислеле, но кога еднаш сината светлина ќе ја погоди површината Месечината се претвора во сино-зелена боја. Можеме да ја наречеме тиркизна”, вели Тејл за британскиот магазин The Guardian.

Главната пречка во одредувањето на бледата светлина е распрскувањето на светлината од осветлената страна на Месечината во атмосферата на Земјата. Поради тоа, околу осветлената страна се појавува ореол, слично на појавата којашто може да се види околу уличните светилки, што ја менува бојата на бледата светлина од темната страна.

Тејл и неговите колеги во периодот од 2011 до 2012 година направиле повеќе од 500 снимки на Месечината со оптичките телескопи од опсерваторијата Маун-Ло на американската Национална управа за океански и атмосферски истражувања на Хаваи. Научниците ја снимија Месечината телескопот со два различни филтера за боја и комбинација, односно со преклопување на фотографиите на млада Месечина го отстраниле ткн halo оптичкиот ефект , па потоа можеа да ја утврдат дека вистинската боја на Месечината.

Write A Comment