Состојки:
400 гр тестенини во форма на полжав, 200 гр сланина, 250 гр чери домати, 5 дл павлака за готвење, 1 јајце, босилек, 200гр моцарела, 40 гр пармезан, мешавина од зачини, масло
Подготовка:
Варете ги тестенините во топла солена вода, а потоа исцедете го вишокот течност. Сланината исечете ја на тенки правоаголници, а чери доматот на четвртини. Изрендајте ја моцарелата на крупно ренде. На малку масло пржете ја сланината, додадете го чери доматот и сè заедно пржете на умерена температура додека не омекне доматот. Додадете павлака за готвење и загрејте до точка на вриење.
Потоа тргнете од рингла, додадете ги тестенините, јајцата, моцарелата, пармезанот и босилекот по вкус. Полека измешајте. Плехот намачкајте го со масло и во него ставете ја подготвената тестенина. Ставете во загреана рерна на 180 степени да се запече.
