Motherhood

Тие биле нераздвоен пар. Скокнале во смрт, бидејќи не сакале никому да му бидат на терет

До нивната трагична одлука дошло поради фактот дека повеќе не можеле да се грижат самите за себе, а на одвоен живот не биле спремни.

Glenys и Royston Smith се качиле на прозорецот од својата спална соба доцна навечер во декември минатата година и заедно се фрлиле во смрт. Повредите биле претешки за да ги спасат.

Во текот на истрагата, полицијата пронашла порака која брачниот пар им ја оставил на своите синови во кујната, а на која пишувало: “Извинете момци. Ова е најдобриот начин. Има премногу болка”.

Имале многу здравствени проблеми

Брачниот пар имал многу здравствени проблеми, поради што биле приморани да се преселат во старечки дом, на што тие не се согласувале.

Госпоѓата Смит била многу слаба, трпела неверојатни болки во грбот, а боледувала и од остеопороза. Нејзиниот сопруг земал лекови за рак на простатата, а имале и проблеми со видот.

Биле во брак 67 години. Многу се сакале и не можеле да живеат еден без друг.

Write A Comment