Само неколку дена пред официјалните тестирања за Светскиот ендуранс шампионат 2014, Тојота во јавноста ги пушти првите слики и податоци за новиот TS040 hibrid Le Man со кој се надева на титула на легендарната трка.
Главната промена на новиот модел е додатокот на електричен мотор на предната осовина правејки го на тој начин автомобил со погон на сите тркала.

Тојота се определила за V8 мотор со 413 коњски сили и со додаток на два електрични на двете осовини кои додаваат уште дополнителни 473 коњски сили, вкупно неверојатни 986 коњски сили.
Новиот погонски систем е развиен во склад на обновените WEC технолошки правила кои нагласуваат нагласок за подобрување на економичноста. Поголемиот дел на моторите и хибридниот систем се произведени во Јапонија, додека во Германија е направен дизајнот и шасијата.

Големо внимание е посветено на протокот на воздух околу автомобилот, не само во центарот за намалување на отпорот на воздухот и економичноста, туку и правење поголем притисок за употреба на помали гуми.
