Надворешно структурата на куќата изгледа импозантно и покрај тоа што е само на два спрата. Комбинацијата од камен, темно дрво и стаклена фасада придава неверојатна современа нота на градбата.
Огромните прозори создаваат чувство за непосредна комуникација помеѓу ентериерот и надворешниот сегмент на куќата. Дворот изгледа повеќе како внатрешен простор поради присуството на стаклени ѕидови.















